Во одделот за Стоматологија при САРАЈ ДЕНТ се изведуваат специјалистички прегледи и консултации од стоматолошка проблематика, дијагностицирање и третман на истите, како и совети за соодветна хигиена и нега на забите и усната празнина.
Медицинските услуги кои се практикуваат за дијагностицирање и терапија на следните состојби:
- Интраорален преглед
- Превентивна стоматологија и спречување на појава на кариес и други компликации во усната празнина.
- Детска стоматологија која вклучува прв контакт на Вашите деца со стоматолог, стекнување на хигиенски навики од најрана возраст и заштита и лекување на млечните заби.
- Протетика односно надоместување на изгубени заби, реставрирање на потемнети и заби оштетни повеќе од 50% и реставрирање на Вашата насмевка до најдобар изглед.
- Орално хируршки интервенции изведени од специјалист. Хируршки екстакции на заостанати корени како и екстракции на импактирани заби, апикотомии, френулектомии и импланти.
- Терапија на болести на устата и периодонтот која опфаќа чистење на забен камен, обработка на периодонтални џебови и санирање на воспаленија на гингивата.
- Естетска стоматологија за корекција на сите видливи недостатоци на забалото кои влијаат на изгледот. Композитни корекции и протетски корекции
- Хијалуронски филери и ПРП