Во склоп на поликлиниката САРАЈ МЕДИКАЛ го имаме одделот за Општа пракса. Овде се изведуваат прегледи од примарната здравствена заштита, консултации, дијагностицирање и третман на истите.
Нашата ординација по општа медицина, која има склучено
договор со Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија Ви ги нуди следниве здравствени услуги:
- Преглед и советување од стручен и посветен медицински тим на општи лекари
- Можност за избор на матичен доктор
- Издавање на рецепти и упати
- Аплицирање на ампуларна терапија
- Инхалации
- Преглед на ушите со отоскоп и чистење на истите
- Третман на рани и изгореници
Дополнителни услуги кои покрај прегледите се нудат во одделот на Општа пракса:
- Лабораторија во склоп на болницата
- Домашни посети
- Медицински транспорт во и надвор од Републиката
- ЕКГ